Методологијата RUP
Методологијата RUP (Rational Unified Process, Рационален унифициран процес) претставува база на знаења со систем за пребарување лоцирана на интернет. Методологијата RUP е создадена од компанијата Rational Software.
Методологијата RUP се заснова на следните принципи:
- Рано откривање и постојано, сè до завршувањето на развојот, отстранување на ризиците.
- Целосна сосредоточеност на барањата на клиентот, кои се поставуваат кон развиваниот производ.
- Постојана подготвеност за внесување промени во задачите на проектот и начините на неговата имплементација.
- Примена на компонентна архитектура при работа на проектот.
- Контрола на квалитетот на изведбата на проектот во сите фази на неговиот развој.
- Работниот тек на проектот се одвива во збиена екипа, каде главна улога имаат архитектите.
Работата на проектот со користење на методологијата RUP ги вклучува фазите:
- Почетна фаза (Inception), во која се формира концептот на проектот, неговото економско оправдување, се проценуваат ризиците, се создава модел на употреби.
- Детализација (Elaboration). Во оваа фаза се анализира идниот производ и се документираат сите негови детали, се проектира и тестира архитектурата на проектот, се поточно одредуваат роковите и трошоците на работата, како и, доколку е можно, се намалуваат главните ризици.
- Изградба (Construction), во која се одвива главниот развој на производот. По завршувањето на изградбата се случува првото надворешно издавање на системот и се обележува пресвртницата на почетната функционална спремност.
- Имплементација (Transition). Во оваа фаза веќе е создаден производот, кој по тестирањето се предава на клиентот. Доколку клиентот не е задоволен со добиените резултати, производот повторно поминува низ циклус, кој ги вклучува сите погоре наведени фази.
Погледни исто така
-
концепцијата
RAD,
која се применува за развој на производ при неопределени барања -
методологијата
PMBOK,
која се применува за структуриран пристап кон водење на проект -
методологијата
Cobit,
која се применува за изработка на стандарди во областа на ревизија и управување со IT -
препораките
ITIL,
кои ги дефинираат стандардите за комбинирање на IT со бизнис стратегијата