Библиотека Redux
Во овој туторијал ќе се запознаеме со многу
корисна и вредна JavaScript библиотека
Redux. Името на библиотеката потекнува од два збора - името на
функцијата reduce и архитектурата
Flux
на апликациите во React, чија основа е
употребата на еднонасочен тек на податоци.
Најпрво, Redux е предвидлив контејнер
или складиште за состојби на податоци на апликацијата. Ние
веќе се сретнавме со поимот состојба или
стејт (state)
при изучувањето на туторијалот за React. Со Redux
може да се пишуваат клиентски, серверски
или нативни апликации кои се однесуваат
предвидливо, лесно се скалираат и тестираат.
Што уште е привлечно кај Redux? Тој ни помага да управуваме со глобалната состојба на апликацијата. Алатките и техниките, кои се користат во Redux, овозможуваат полесно да се разбере каде, зошто и на кој начин се променил стејтот, како и како ќе се однесува логиката на апликацијата во случај на такви промени.
Redux е самостојна библиотека, но може да се користи во комбинација со такви популарни рамки, како што се React, Angular, Vue, а исто така и со чист JavaScript. Одејќи малку напред, ќе кажам дека во нашиот туторијал ќе користиме комбинација со React.
И покрај важноста на оваа алатка, при создавањето на апликација треба разумно да се процени неопходноста од нејзината примена. Ви треба Redux ако имате голем број на стејтови кои се потребни во различни делови на апликацијата, или стејтовите се менуваат многу често, или можеби имате премногу сложена логика за ажурирање на стејтовите.