Вовед во состојби во React
Следниот концепт кој ќе го разгледаме, се вика состојби. Состојбите претставуваат реактивни променливи на компонентите.
Реактивноста значи дека при промена на состојбата, промени ќе се случат на сите места каде што таа состојба се користи. Технички ова се постигнува преку ре-рендерирање на целата компонента при промена на било која состојба.
За користење на состојби, најпрво потребно е
да се импортира функцијата useState:
import React, { useState } from 'react';
Функцијата useState како параметар прима
почетна вредност на состојбата, а како резултат
враќа специјална низа од два елементи.
Во првиот елемент од низата ќе се чува
тековната вредност на состојбата, а во вториот - функција
за промена на состојбата.
За правилно функционирање на состојбите, тие не смеат да се менуваат директно, туку треба да се користи функцијата за нивна промена - само тогаш ќе работи реактивноста.