SOAP протокол
Протоколот SOAP (Simple Object Access Protocol, Едноставен протокол за пристап до објекти) овозможува интеракција помеѓу веб сервисите и помеѓу нив и клиентите. SOAP се користи со протоколи на апликативно ниво како SMTP, FTP, HTTP, HTTPS, но најчесто SOAP се користи преку HTTP.
Поратката на протоколот SOAP се состои од следните елементи:
- Envelope - корен елемент, кој ја дефинира пораката и именскиот простор кој се користи во документот.
- Header содржи атрибути на пораката, на пример, информации за безбедност или за мрежно рутирање.
- Body ја содржи пораката која ја разменуваат апликациите.
- Fault опционален елемент, кој обезбедува информации за грешките, кои се случиле при процесирање на пораките.
Сепак, треба да се знае дека употребата на протоколот SOAP за пренос на пораки го зголемува нивниот волумен и ја намалува брзината на процесирање.
Погледнете исто така
-
механизмот
CORS,
кој овозможува интеракција на веб сервисите со клиентите