Променливи во PHP
Основниот поим на секој програмски јазик е променлива. Променливата претставува контејнер во кој можеме да складираме какви било податоци, на пример, стрингови или броеви.
Секоја променлива мора да има име, кое
може да се состои од латински букви, броеви и
знаци за подвлекување. Притоа во PHP пред
променливата задолжително мора да биде напишан
знакот за долар $, а првиот симбол од името
на променливата не смее да биде цифра.