Рутирање во React со библиотеката Router
Во овој дел ќе се запознаеме со многу интересен и важен дел при создавањето на веб-апликации - рутирање. Токму благодарение на рутирањето корисникот може да се движи помеѓу многуте веб-страници во зависност од дејствата или испраќаните барања.
Од овој туторијал ќе дознаеме како да користиме надворешна библиотека React Router, за да создаваме React апликации со рутирање.
React Route ни овозможува да работиме со рутирање и на клиентската страна (односно во прелистувачот), така и на серверската страна. Тој овозможува создавање на сложени едно-странични веб-апликации кои користат навигација без освежување на целата страница (односно без дополнителни обраќања до серверот), како и работа со историјата на прелистувачот (стрелките назад).
React Router користи архитектура, заснована на компонентен пристап. На овој начин, оваа библиотека овозможува навигација помеѓу многуте компоненти на React апликацијата, менување на URL-то во прелистувачот и одржување на синхронизација на состојбата на вашата апликација со URL-то.