Структура на проект на Angular
По извршувањето на командата за креирање на проектот во неговата папка ќе се појави одредена датотечна структура. Главно таму се сервисни датотеки, кои ја поддржуваат работата на рамката. Во моментов нас нè интересира само следнава папка и датотека:
- /src/
- README.md
Во папката src вие ќе ја извршувате
целата работа. Подетално ќе ја разгледаме во
следната лекција.
Датотеката README.md содржи инструкции
за стартување на апликацијата. Обично се користи,
кога се добива архив со проектот од колега
и не се разбира како да се стартува проектот. Во
тој случај потребните команди на терминалот може
да се погледнат во оваа датотека.