Ниво 6.2 задачар Python
Направете функција која како параметар ќе прифаќа број и ќе ги отстранува нулите од него.
Направете функција која ќе враќа колку денови поминале или остануваат до зададениот датум во годината, во зависност од тоа дали тој датум веќе поминал или не.
Направете функција која ќе врати листа на сите престапни години во последните сто години.
Направете функција која како параметар ќе прифаќа година и ќе проверува дали е престапна или не.
Направете функција која ќе враќа колку денови остануваат до крајот на тековниот месец.
Направете функција која ќе врати претходниот, тековниот и следниот ден од неделата со зборови во вид на следниот речник:
{
'next': 'пн',
'curr': 'нед',
'prev': 'саб',
}