Ефекти на текст во CSS
Својството text-decoration овозможува
да се зададат некои ефекти за текстот: подвлекување,
прецртување,
линија
одозгора, како и да ги откаже таквите ефекти,
ако некоја ознака ги има по стандард.
Најчесто ова својство се користи за
откажување на подвлекување на врските (тие по стандард
се подвлечени).
Во следните лекции детално ќе ги разгледаме вредностите
на својството text-decoration.