Типови на настани во JavaScript
Настани на глувчето
| Атрибут | Опис |
|---|---|
click |
Направен клик со копчето на глувчето. Настанот се јавува откако копчето на глувчето е отпуштено. |
mousedown |
Притиснато е копчето на глувчето. |
mouseup |
Отпуштање на копчето на глувчето. |
dblclick |
Двоен клик. |
mousemove |
Покажувачот на глувчето се движи внатре во областа за приказ на елементот. |
mouseout |
Покажувачот на глувчето излезе од областа за приказ на елементот. |
mouseover |
Покажувачот на глувчето е внатре во областа за приказ на елементот. |
Настани на тастатурата
| Атрибут | Опис |
|---|---|
keydown |
Притиснато е копче на тастатурата. |
keypress |
Копчето на тастатурата е притиснато и не се отпушта подолго од интервалот на повторување. Времетраењето на интервалот на повторување е системски параметар и зависи од поставките на оперативниот систем на корисникот. |
keyup |
Отпуштање на претходно притиснатото копче. |
Настани на формите и елементите на страницата
| Атрибут | Опис |
|---|---|
change |
Елементот го губи фокусот за внесување, а содржината на елементот се промени за времето додека елементот бил во фокус. |
select |
Некој дел од текстот внатре во елементот станува селектиран. |
submit |
Во формата е притиснато копчето "Испрати", но испраќањето на формата на серверот сè уште не е извршено. |
Настани на формите и елементите на страницата
| Атрибут | Опис |
|---|---|
blur |
Елементот за контрола го губи фокусот за внесување, т.е. курсорот преминува на друг елемент. |
focus |
Прикажаниот елемент добил фокус за внесување. За текстовите полиња овој настан значи дека курсорот веќе се наоѓа во дадениот елемент. |
load |
Завршено е вчитувањето на страницата. |
unload |
Се излегува од документот (затворање или пренасочување на страницата на друга адреса). |
scroll |
Се активира при лизгање на елементот. |