Креирање на модели на податоци за базата на податоци во Redux
На ова предавање ќе ги пополниме моделите на податоци, кои ги создадовме на претходната лекција.
Да ја отвориме нашата апликација со продукти,
а во неја датотеката server.js. Да започнеме со моделот на производ.
Податоците кои ќе ги добиваме за него,
се - име, опис, цена, количина,
реакции и продавач на дадениот производ. Да
ги внесеме овие потребни својства со нивниот тип
на вредности, како и врските помеѓу моделите во објект -
се како во вистинска база на податоци. Како
што забележавте вредностите на полињата за реакција
и продавач се поврзани со соодветните
модели:
product: {
id: primaryKey(nanoid),
name: String,
desc: String,
price: Number,
amount: Number,
reactions: oneOf('reaction'),
seller: oneOf('seller'),
},
Да преминеме на моделот на податоци за продавач. Овде ни се потребни податоци за името и производите, кои ги објавил дадениот продавач (вредноста ја земаме од моделот на производ. На еден продавач може да му припаѓаат неколку производи):
seller: {
id: primaryKey(nanoid),
name: String,
products: manyOf('product'),
},
И конечно, моделот за реакции. Реакцијата
кај нас може да биде 'добро',
'ниту риба ниту месо' и 'лошо'. Исто
така таа се однесува на некој производ. Така
и да ја запишеме:
reaction: {
id: primaryKey(nanoid),
good: Number,
soso: Number,
bad: Number,
product: oneOf('product'),
},
Моделот на базата на податоци е готов!
Отворете ја вашата апликација со студенти.
Запознајте се со материјалот од оваа лекција,
потоа пополнете ги подготвените ваши три модели
на податоци student, teacher и
vote со потребните својства, типови
на вредности и врски.