Цени на платени хостинзи
Просечната цена за платен хостинг -
околу 10$ месечно.
За оваа сума ќе можете да хостирате
5-10 домени од второ ниво
и бесконечен број на нивни поддомени.
Точната сума што ќе ја плаќате, зависи од хостингот кој сте го избрале.
Исто така, секој хостинг обично има гама тарифни пакети, почнувајќи од најосновниот па сè до најнапредниот. Соодветно на тоа, се зголемува и цената на хостингот.
Исто така, речиси кај сите хостинзи важат попусти, ако купувате хостинг за подолг временски период. Во принцип, попустите се прилично интересни и е поповолно да се купи хостинг за една година или повеќе, отколку да се плаќа секој месец.
Може да се заштеди и ако
се пронајде некаде промокод.
Тој претставува специјална
шифра која се дистрибуира заедно
со рекламата на хостингот. При плаќање
на хостингот, може да се внесе оваа шифра
и да се добие попуст од 5 до 15
проценти.
Подетално со тарифните пакети ќе се запознаеме во следните лекции.
Дали е вистина дека цената за хостинг
е приближно 10$ годишно?